HOME













КРЕДИТИ ЗА ОСНОВНИ СРЕДСТВА

 

Набавката на опрема, изградбата на објекти или финансирањето на посебни проекти најмногу бараат средства со период на отплата поголем од една година. Периодот на отплата ќе се утврди во согласност со проектираните идни приходи, како и со времето потребно за завршување на проектот. Банката во зависност од потребата на проектот може да одобри грејс период, во кој период компанијата не е обврзана да ја отплати главницата, плаќа само камата.  Кредитите за основни средства може да бидат во МКД и  ЕУР.


Услови


- износ
Износот зависи од потребите на клиентот, кредитната способност и вредноста на  обезбедувањето.


- рок
Во зависност од потребите на коминтентот, бараниот износ, деловната ориентација.


- каматна стапка
Каматните стапки се договараат во зависност од вредноста на обезбедувањето, финансиските податоци, бараниот износ, валутата, деловната ориентација, очекуваните приливи од странство и други деловни активности со Банката. Каматните стапки на кредитите за основни средства се движат од 3%-12%. Ефективни каматни стапки


- обезбедување
Хипотека на недвижен имот, залог на подвижни предмети, паричен депозит, банкарска гаранција, гаранција од компанија, меница и барирани чекови.

потребна документација

Информаци: Сектор за кредитирање
Телефон: 3296 469; 3290 922; 3296 474

 
Адреса: Даме Груев 1, МК-1000 Скопје      Тел: + 389 2 3289 400 Факс: + 389 2 3116 830       E-mail:[email protected]