12. |
Инвестициона
програма-доколку се бара кредит за нова
инвестиција.
Инвестиционата програма е комбинација од
посебни студии кои обично работат со пазарни,
технички, финансиски, економски и управни
аспекти на проектот.
Инвестициона програма се бара за преглед
и анализа на кредитни апликации за финансирање
на специјализирани или нови проекти или за
санација на работењето. Овие видови кредитни
апликации во нормални околности бараат финансирање
преку долгорочни кредити. Затоа, како општо
правило, сите апликации за долгорочен кредит
бараат поднесување на инвестициона програма.
Студијата треба да го вклучува најмалку следното:
- Наведување на главни претпоставки
според кои проекциите се направени;
- Проекции за биланс на успех, биланс
на состојба и биланс на готовинскиот
тек за периодот за кој се бара кредитот;
- Оправдување за секој баран грејс
период;
- Маркетинг анализа која покажува како
и каде производот или услугата ќе биде
продадена;
- Индикации како фирмата ќе може или
како ќе ги надмине негативностите за
постигнување на целите.
|
13. |
Бизнис
план што ќе овозможи да се добие
слика за историјата на бизнисот и неговите
сопственици .
Во бизнис планот треба да биде разработено:
1. Историјатот на бизнисот (потекло и опис
на производите и пазарниот сегмент);
2. Сопствност и менаџмент (сопственичка структура,
работно искуство во дејноста);
3. Продажба и испорака (продажба во последните
12 месеци, главни купувачи , канали на дистрибуција
,конкуренција и нивни предности);
4. Производствени методи (главните компоненти
или суровини дали се од домашен пазар или
увозни, главни добавувачи, машини и производни
методи, работна сила);
5. Финансиски извештаи (продажба и профит,
состојба на капиталот, должници, доверители,
ликвидност);
- Преглед на обврски спрема банките и др. финансиски
институции, структура на кредитите, одобрен
износ, моментална сосотојба, рок на отплата, каматна
стапка. Да се назначат и други обврски во
вид на позајмици
- Податоци за промет на девизните сметки во
Банките на РМ
- Старосна структура на обврските и побарувањата
до 60 дена, од 60-180 дена, над 180
- Лагер листа на залихи
6. Идни прогнози и планови (идна реализација врз основа на Договори, реално очекувани
парични приливи, состојба на пазарот, план
за зголемување на капиталот, стратегија за
спроведување на плановите). |