Право на отворање на тековни сметки имаат сите полнолетни граѓани државјани на Република Македонија што остваруваат
примања од редовен работен однос, од извршување на слободна професионална дејност или занимање, пензиско
инвалидско осигурување или по друг основ.
Сопственикот располата со средствата на тековната сметка преку чековите издадени од страна на Банката, со готовинска исплата на благајна и безготовинско плаќање во трговија или со други поединечни дозначувања. Располагањето со средствата треба да се движи во рамки на сопствените средства.
Сопственикот може да даде овластување на друго лице да располага со средствата на
неговата тековна сметка.
Алфа Банка АД Скопје издава граѓански чекови на максимален
износ од МКД 1.200,00.
Критериуми за издавање чекови се:
- Моменталната состојба на тековната сметка
- Број на нереализирани чекови во моментот на издавање
- Уредноста во работењето со сметката
Корисниците на тековни сметки може да добијат информации за состојбата на сметката и нејзините промени во сите експозитури на Банката.
Информаци: Сектор за работа со население
Tелефон: 3296 427; 3296 408
|