HOME








 

ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ

 

Согласно потребите, правните и физичките лица  во Алфа Bанка АД Скопје може да учествуваат на:

  • Примарен пазар на хартии од вредност

  • Секундарен пазар на хартии од вредност

    Примарниот пазар на хартии од вредност го организира Министерството за финансии и се однесува на учество на аукции за издавање на:

  • државни записи и
  • државни обврзници

    Учеството на аукциите за државни записи и државни обврзници, Алфа Банка АД Скопје го врши во функција на овластен директен учесник при што Банката во свое име, а за сметка на индирекните учесници (домашни и странски правни и физички лица) учествува на организираните аукции.

    За учество на аукциите на државни записи и државните обврзници, заинтересираните е потребно да пополнат Образец – Барање за купување на државни записи или Образец – Барање за купување на државни обврзници.

    Покрај навременото доставување на Барањето до Банката, потребно е заинтересираните да го уплатат на сметка на Банката:

  • Дисконтираниот износ на бараните државни записи доколку учествува на аукцијата на државни записи

  • Номиналниот  износ на бараните државни обврзници доколку учествува на аукцијата на државни обврзници

    За неуспешните учества на аукциите (кога клиентот нема позитивни резултати на аукциите), Банката не наплатува провизија.

     

    Секундарниот пазар на хартии од вредност се однесува на купување односно продавање на веќе издадените државни записи и државни обврзници.

    На секундарниот пазар, во Банката заинтересираните може:

  • да ги продадат државните записи и државните обврзници што ги поседуваат
  • да купат државни записи и државни обврзници што ги поседува Банката.
  •  

    Информаци: Сектор за средства, ликвидност и комисион
    Телефон: 3289 416; 3289 415

     
    Адреса: Даме Груев 1, МК-1000 Скопје      Тел: + 389 2 3289 400 Факс: + 389 2 3116 830       E-mail:[email protected]